Роден е во Кратово. Завршува педагошко училиште во Ќустендил и работи како учител во Кратово. Од 1897 година до 1898 година е раководител на Кратовскиот револуционерен комитет. За време на Виничката афера (1897 година) е затворен и подложен на жестоки измачувања. До 1901 година е во затвор во Приштина.
Во 1903 година во Софија, заедно со И.Топчев организираат чета која во почетокот на септември заминува во Македонија заедно со четата на Н.Дечев и четата на А.Мурџев и Т.Пожарлиев..
На 25 септември 1903 година, кај с.Луково, Кратовско, трите чети се опколени од 7000 души турска војка и баши-бозук. По 10-часовна борба четите се повлекуваат, но војводите И.Топчев и Н.Дечев се убиени. Војводата Г.Манасиев тешко ранет, за да не биде фатен се самоубива. |